Утрински Весник
Свет

78-годишна старица по трет пат ограбила банка, полицијата во шок

78-годишна старица по трет пат ограбила банка, полицијата во шок

Полицијата во Мисури соопшти дека пензионерката Бони Гуч е уапсена во врска со нејзиниот трет грабеж на банка.

dobivaj vesti na viber

Гуч влегла во банката „Гоперт“ и и дала белешка на вработена на шалтер во која барала илјадници долари во готовина.

Гуц веќе има две пресуди за грабежи на банки зад себе. Последен пат кога организирала грабеж во 2020 година, нејзиниот син рекол дека излегла од куќата лута, а му оставила порака дека ќе ограби банка. „Извини не сакав да те исплашам“.

Бони Гуч сега е во затвор, а нејзината кауција е одредена на 23.000 долари.

Носејќи црна маска „N95“, црни очила за сонце и гумени ракавици, таа влегла во банката минатата среда и на вработената на шалтер и подала белешка на која пишувало „Предајте 13.000 долари во мали апоени“, според судските документи до кои дојде „Канзас Сити Стар“.

Надзорната снимка покажува дека Бони Гуч удира по шалтерот во еден момент, наредувајќи им на вработените побрзо да ги предадат парите, соопштија обвинителите.

Полицајците од полициската управа одговориле на повиците за грабеж и ја нашле Бони Гуч во нејзиното возило „наполнето со алкохол“, со готовина расфрлана на подот.

„Кога полицајците првпат ѝ пријдоа, беа некако збунети… Излезе малата старица“, изјави началникот на полицијата Томи Рајт за „Kansas City Star“.

„На почетокот не бевме сигурни дека ја имаме вистинската личност“.

Првиот грабеж на банка на Бони беше во Калифорнија во 1977 година, а вториот во 2020 година, каде што наводно на вработена на шалтер и подала роденденска честитка на која пишува „Ова е грабеж“.

Можете да прочитате

Си Џинпинг: Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакти и ги подобруваат односите

ОН го повикува Израел да се откаже од планот за воспоставување воена контрола врз Појасот Газа

Профитот на Тојота намален за 37 проценти