Од 14-ти јануари е исчезната велешанката Василка Трајкова (71), која околу 17 часот излегла од семејниот дом, а потоа по околу 20 минути, за последен пат била забележана помеѓу Стариот мост и Градски пазар.
Била облечена во темно сива јакна, сини пантолони и носела црни чизми.
Сопругот на Василка, Д.Т.(77) го пријавил исчезнувањето во полиција дури наредниот ден во девет часот, а од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.
– На 15.01.2025 во 09.00 часот во СВР Велес, Д.Т.(77) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.Т.(71), лице со здравствени проблеми, соопштија од СВР Велес, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на жената.
Во меѓувреме, и на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од исчезнатата велешанка, со апел до јавноста, доколку некој има било каква информација за случајот, да се јави во полиција.