Утрински Весник
Магазин

76-годишниот Спилберг доби награда за животно дело

76-годишниот Спилберг доби награда за животно дело

Режисерот оскаровец Стивен Спилберг се закити со уште еден трофеј –  награда за животно дело – која му беше врачена во рамки на Берлинскиот филмски фестивал.

dobivaj vesti na viber

Еден ден потоа, медиумите ја пофалија неговата решеност да продолжи да снима без разлика на неговата возраст.

Во говорот по добивањето на златната мечка, Спилберг изјави дека можноста за снимање нови филмови и понатаму го возбудува иако има 76 години.

Режисерот, чии заслуги вклучуваат некои од најуспешните и најомилени дела во историјата на кинематографијата, меѓу кои „Е.Т. Вонземјанинот“, „Ајкула“, „Индијана Џонс“ и многу други, штотуку заврши два филма еден по друг: полуавтобиографскиот „Фабелман“ и „Приказната од западната страна“, адаптација на Бродвејски мјузикл од 1957 година.

„Што и да беше тоа што ме обзеде како мало дете е истото чувство што го имав сите тие децении подоцна“, им рече тој на новинарите во вторникот.

„Кога ќе најдам книга или сценарио или ќе дојдам до оригинална идеја што мислам дека би направила добар филм: таа возбуда… надминува сè“.

Спилберг сега го финализира сценариото оставено недовршено од неговиот близок пријател Стенли Кјубрик, кој почина во 1999 година.

„Подготвуваме голема продукција за ХБО заснована на оригиналното сценарио на Стенли, под наслов „Наполеон“, рече тој. „Лимитирана серија од седум епизоди.“

Спилберг, познат по своите достапни, уверливи филмови, ги советуваше идните филмаџии да започнат со приказна.

„Ако сакате да бидете филмски режисер, пред сè пишувајте“, рече тој. „Затоа што приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание вам, а не кадрите“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста