Утрински Весник
Спорт

76 години никој во Ла Лига не постигнал четири гола против Реал

76 години никој во Ла Лига не постигнал четири гола против Реал

Валентин Кастеланос синоќа го растури Реал Мадрид. Џирона, во 31.коло во Ла Лига, го победи Реал со 4:2. Головите за Џирона ги постигна 29. годишниот Аргентинец.

dobivaj vesti na viber

Кастеланос, кој според „Трансфермаркт“ вреди 10 милиони евра, на овој начин испиша историјата на Ла Лига. Тој е првиот играч по 76 години што успеал да постигне четири гола против Реал во натпревар во Ла Лига. Инаку во Шпанија, против Реал четири гола постигнал и Диего Милито, како играч на Сарагоса во Куп натпревар одигран на 8.февруари 2006 година.

Покрај Кастеланос и Диего Милито, во историјата четири гола против „кралскиот клуб“ постигнале Хосеп Самитиер (Барселона), Еулогио Мартинез (Барселона) и Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд).

Инаку, до мечот со Реал, аргентинскиот напаѓач на Џирона оваа сезона одигра 28 првенствени натпревари за својот тим и на нив постигна седум гола.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство