Утрински Весник
Македонија

75годишен маж од струшко починал откако во него удрил камион

Policija.webp.webp

На 16.02.2026 во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман”,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата.

Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга. Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.  Се преземаат мерки за расветлување на настанот.  

Можете да прочитате

Тепачка и закани со пиштол во кафеана во Трубарево, уапсена и полицајка

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Мобилните царински тимови во 2025 со 271 заплена и над 195 килограми дрога