Утрински Весник
Македонија

718 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11, во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на коронавирусот“, се наведува во соопштението од ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија