Утрински Весник
Магазин

7 причини зошто да јадете банана

Img 8037

Истражувањата покажаа дека само две банани дневно се доволни за 90 минути интензивна работа. Но енергијата не е единствената добра работа што ја добиваме од конзумирањето на ова овошје, ги има уште многу.

Депресија: Врз основа на резултатите добиени во научна студија меѓу луѓето кои страдаат од депресија, експертите тврдат дека бананите можат да ги ублажат симптомите на оваа болест. Тоа е затоа што содржи триптофани, кои се претвораат во серотонин во телото, познат и како хормон на среќата.

Анемија: Бидејќи бананите имаат многу железо, тие придонесуваат за формирање на хемоглобин во крвта, што помага во случај на анемија.

Крвен притисок: Предноста на ова овошје е што содржи малку сол, но голема количина калиум, кој игра значајна улога во регулирањето на крвниот притисок.

Концентрација: Бананите имаат позитивен ефект врз нашиот мозок и едно истражување покажа дека оние студенти кои јаделе банана наутро имале подобра концентрација во текот на денот.

Опстипација: Збогатена со влакна, бананата помага да се реши проблемот со опстипација, без употреба на лаксативи.

Главоболка: Имавте тешка ноќ? Без грижи, милкшејкот од банана ќе ви го реши проблемот со главоболката. Ако земете една лажичка багремов мед, ќе го смирите стомакот, а потребата за шеќер ќе ви биде задоволена.

Каснување од комарец: За да го намалите отокот предизвикан од каснување од комарец или слично, втријте ја внатрешноста на кората од банана на отокот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста