Утрински Весник
Економија

7 државни институции и приватни компании го избраа РЕС за снабдувач со струја во април

7 државни институции и приватни компании го избраа РЕС за снабдувач со струја во април

Уште 17 компании и државни институции во текот на април го одбраа Renewable Energy Supply – РЕС за свој снабдувач со електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

РЕС во текот на минатиот месец даде најповолни понуди за снабдување на УЈП, Државниот завод за статистика, Заводот за ревизија, Агенцијата за катастар, Општина Велес, како и на реномираните стопански субјекти ОКТА, Скопски Пазар, челичарница Железник и други компании.

Со ова, балансната група на РЕС достигна над 300 субјекти, со вкупна годишна потрошувачка од над 400 GWh електична енергија, што гарантира стабилно снабдување и сигурност за клиентите.

Тоа ја потврдува водечката улога на РЕС како најдобар партнер на слободниот пазар, како при снабдувањето, така и при откупувањето на електричната енергија од производителите од обновливи извори.

ПР-текст

Можете да прочитате

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава

Битиќи: Со ново задолжување ДПМНЕ ја потврди негрижата за граѓаните