Утрински Весник
Македонија

67 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

dobivaj vesti na viber

При контролата санкционирани се 67 возачи. За време на контролата санкционирани се и 118 останати прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Од МВР апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се вели во саоопштението од МВР.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?