Утрински Весник
Македонија

67-годишен неготинчанец кривично ќе одговара затоа што споделил снимка во која навредувал Роми и повикувал да им се забрани да гласаат на избори

Policija Mvr2.png

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност.


Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, информираат од обвинителството.

Можете да прочитате

Советот на Општина Виница со нова мерка – 6 000 денари поддршка за секое новороденче

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар