Утрински Весник
Македонија

67 возачи санкционирани за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

67 возачи санкционирани за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Денеска Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 67 возачи. 10 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица дури над 70 километри на час над пропишаната брзина, соопшти полицијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови напоменуват од оваа институција и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие: Приведени пет лица од Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп!

Корупцијата останува „терапија“ во македонското здравство – се бараат пари, подароци, сексуални односи!

Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати