Утрински Весник
Македонија

66 лица казнети за брзо возење на подрачјето на СВР Битола

66 лица казнети за брзо возење на подрачјето на СВР Битола

Сообраќајната полиција при СВР Битола, денеска, во периодот од 8 до 14 часот, спровела контрола за санкционирање возачи што управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Како што информираат од МВР, на територија на СВР Битола санкционирани биле 66 возачи. Од нив, 34 на територијата на Битола, 11 на територијата на Прилеп, 15 на територијата на Ресен.

Од Министерството порачуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти