Утрински Весник
Македонија

59-годишна стружанка тешко повредена по удар од автомобил

59-годишна стружанка тешко повредена по удар од автомобил

Синоќа во 20.40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Боро Хаџиески Путе“ во Струга, патничко возило „сеат алтеа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Л.Т.С.(23) од струшкото село Џепи, удрил во велосипед што го управувала С.Ј(59) од Струга.

dobivaj vesti na viber

Велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а Л.Т.С се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата во Струга.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Можете да прочитате

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Левица: Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снајдат за преживување

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ