Утрински Весник
Македонија

56 возачи возеле пребрзо на територија на Тетово

56 возачи возеле пребрзо на територија на Тетово

56 возачи биле казнети по денешната засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на Тетово. Од нив, како што соопшти МВР, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 35 санкции се изречени на територија на Тетово, а 21 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Сопругата на премиерот на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп

Охриѓанец осомничен за три кривични дела поврзани со семејно насилство

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко