Утрински Весник
Македонија

55-годишник фатен на дело при кражба во манастирот „Преображение Христово“

Crkva 55619 72998.jpg

На 23.11.2025 во 10:30 часот во населба Циглана во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ѓ.А.(55) од с.Беловиште, гостиварскo.

Тој е затекнат при извршување кражба во манастирот „Преображение Христово“, при што одзел пари.

Исто така, тој се сомничи дека дека во текот на изминатите шест месеци неколку пати извршил тешки кражби во верски објекти во Гостивар.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“

Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ