Утрински Весник
Македонија

535 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

535 полициски службеници  ангажирани во последното деноноќие за пожарите

535 полициски службеници биле ангажирани во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата во периодот од 7:00 часот на 24.8.2021 до 7:00 часот денеска 25.8.2021 информира МВР. Биле реализирани 214 мото-патроли и користени 160 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

На 23.8.2021 година, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Н.(73) од Скопје за сторено кривично дело предизвикување општа опасност. На 11.8.2021 околу 14:20 часот во с.Секирник, тој бил забележан во неговото дворно место, каде за кусо време настанал пожар во кој биле опожарени дрвја, трева и дрвена бандера во близина на дворното место на пријавениот.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е континуирана будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа