Утрински Весник
Македонија

52-годишна скопјанка починала во угостителски објект

Пронајден мртов маж, трупот даден на обдукција

Во угостителски објект починала 52-годишна скопјанка.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, вчера во 22.17 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.“Радишанска“ имало починато женско лице.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека се работи за С.Д.(52) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Можете да прочитате

Пожар во стан во Дебар, нема повредени

Хит на денот: Човек ползејќи го поминува булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари