Утрински Весник
Македонија

502 казни за брзо возење

502 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 502 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 263 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 239 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“