Утрински Весник
Свет

500 деца умреле од глад, меѓу кои и дваесет бебиња во сиропиталиште: црниот биланс на конфликтот во Судан

500 деца умреле од глад, меѓу кои и дваесет бебиња во сиропиталиште: црниот биланс на конфликтот во Судан

Од почетокот на конфликтот во Судан во април оваа година, околу 500 деца умреле од глад, вклучително и дваесетина бебиња во сиропиталиштето во главниот град Картум, со кое раководи владата, соопшти „Save the Children“.

dobivaj vesti na viber

Организацијата во соопштението рече дека најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман за неухранетост и поврзани болести, бидејќи добротворната организација беше принудена да затвори 57 од своите центри за хранење во Судан, пренесува АП.

Судан западна во хаос по неколкумесечните тензии меѓу армијата и ривалската паравоена фракција на 15 април кога ескалираа во отворен вооружен конфликт, претворајќи ги Картум и другите урбани области во боишта.

Многу граѓани на Судан живеат без вода и струја, а здравствениот систем во таа земја е речиси целосно пропаднат.

Се проценува дека најмалку 4.000 луѓе загинале во насилствата во Судан, изјави Лиз Тросел, портпаролка на канцеларијата за човекови права на ОН, но активистите и лекарите на терен велат дека бројот на жртвите е веројатно многу поголем.

Според Агенцијата за миграција на Обединетите нации, повеќе од 4,4 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и да избегаат од насилството во побезбедни области во Судан или да побегнат во соседните земји.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени