Утрински Весник
Македонија

50 санкции за недавање првенство на минување

50 санкции за недавање првенство на минување

Во текот на вчерашниот ден (26.09.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои недаваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 50 возачи. Од нив, 12 на територијата на СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

При контролата санкционирани се и 138 други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

ДИК: 312 кандидати за градоначалници, 575 советнички листи

Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска