Јубилејниот 50.трипл-дабл во кариерата на Никола Јокиќ, новиот пораз на ЛА Лејекрс и крајот на серијата на Мајами Хит, ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Денвер Нагетс убедливо победија во Милвоки со 128:97. Денвер ја забележаа шестата победа на последните седум гостувања, додека за Милвоки ова е прв пораз по серијата од пет победи.
Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 37 поени, 10 скока и 11 асистенции за 36 минути колку што мина на теренот. Јокиќ е вториот центар во историјата на НБА лигата, кој успеал 50. пати во кариерата да забележи трипл-дабл. Пред центарот на Денвер е само легендарниот Вилт Чембрлен.
Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакна и Џамал Мареј со 24 поени и шест асистенции.
На спортивната страна, Јанис Адетокумбо забележа 27 поени, осум скока и 11 асистенции.
Финикс Санс, во Лос Анџелес, ги победија Лејкерси со 114:104. Санс со оваа победа ги скокнаа Лејкерси на втората позиција на Западот.
Актуелните шампиони не успеаја да го избегнат поразот, иако Леброн Џејмс постигна 38 поени. Во редовите на Санс најдобри беа Дарио Шариќ со 21, односни Деандре Ејтон и Девин Букер со по 17 поени. Финикс имаат 12 победи на последните 14 натпревари.
Бостон Селтикс славеа победа во дуелот со ЛА Клиперс 117:112. Ѕвездите на Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ посригнаа 25, односно 32 поени, но не добија поддршка од соиграчите. Бостон, едноставно тимски делуваа подобро на теренот. Кемба Вокер постигна 25, Џејлен Браун 18, а Џејсон Тејтум 14 поени.
Атланта Хокс изненадувачки ставија крај на серијата од шпест победи, во која се наоѓаа кошаркарите на Мајами Хит. Хокс предводени од Тре Јанг (18 поени, 10 асистенции) и Џон Колинс (17 поени, 17 скокови), славеа победа 94:80.
> 50 трипл-дабл за Јокиќ – Денвер ги декласираа Милвоки, Лејкерси поразени од Финикс <