Утрински Весник
Свет

49 лица загинаа од гром во Индија оваа недела

49 лица загинаа од гром во Индија оваа недела

Седум лица, главно земјоделци, загинаа од гром во село во северната индиска држава Утар Прадеш, соопшти денеска локалната полиција, со што вкупниот број загинати од гром во Утар Прадеш оваа недела се искачи на 49.

dobivaj vesti na viber

Земјоделците се криеле под дрвјата за време на монсунските дождови кога биле погодени од гром и веднаш починале, пренесе АП.

Меѓу жртвите има четворица членови на едно семејство, како и сточари од градот Каушамби, изјави претставник на локалната полиција.

Можете да прочитате

Иранска ракета падна на само неколку метри од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим

Израелскиот министер за одбрана потврди дека Лариџани е убиен во израелски воздушен напад

Руски напад врз Одеса и пристаништето на Дунав во близина на Романија