Утрински Весник
Македонија

48 кривични пријави против лица кои го прекршиле полицискиот час на подрачјето на Скопје

65 санкционирани возачи во Скопје
Dik 300x250 mk

Скопската полиција поднесе вкупно 48 кривични пријави и две известувања против 55 лица, поради сомнение дека сториле 55 кривични дела – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, односно во периодот од 10 до 29 март годинава тие се движеле без дозвола за време на полицискиот час (во период од 22 до 5 часот наутро).

Исто така за прекршоци кои се констатирани во првото тромесечје од годинава, заклучно со 29 март, до Основното јавно обвинителство во Скопје се доставени вкупно 19 кривични пријави против 45 физички и едно правно лице, поради групирања на јавно место или на домашни прослави, спротивно на донесените мерки, како и групирање во угостителски објекти или задржување во нив по работното време.

СВР Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат до забраните за движење и да ги почитувааат мерките  донесени од Владата за заштита од Ковид-19.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман