Утрински Весник
Македонија

448 санкции за брзо возење на територија на цела држава

118 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 448 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 82, а потоа на територија на СВР Куманово – 62, на територија на СВР Охрид – 57…

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Албанците зборуваа со еден глас, 10 општини за промени. Им честитаме на Лимани и Шабани

Апсурдноста на заканите за анексија на Гренланд и егзистенцијалниот предизвик за НАТО алијансата

ЦУК: Одрони на дел од патиштата и зголемен водостој на одредени реки