Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

44 кривични дела открила полицијата кај превозниците на деца, 34 возила се исклучени од сообраќај

44 кривични дела  открила полицијата кај превозниците на деца, 34 возила се исклучени од сообраќај
Img 7972

МВР соопшти дека изминатата недела била започната уште една Оперативна акција, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

Притоа биле исконтролирани 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, при што биле констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 121 прекршок кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл.

Од сообраќај биле исклучени 34 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 835 полнолетни средношколци, а извршени се 4.386 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок, информира полицијата.

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето