Утрински Весник
Свет

43 степени се очекуваат во некои региони на Русија

43 степени се очекуваат во некои региони на Русија

Надпросечната топлина на југот од европскиот дел на Русија ќе трае до крајот на неделата, изјави научниот директор на Хидрометеоролошкиот центар, Роман Вилфанд.

Тој изјави дека времето е опасно и дека метеоролозите предвидуваат дека температурата на брегот на Црното Море кај Сочи ќе биде до 35 степени, во Симферопол до 37, а во Севастопол од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во континенталните делови на Русија ќе биде уште потопло вели тој. Како што најави, се очекува температурата во Волгоградскиот регион како и во Ростов да достигне до 43 степени.

Можете да прочитате

Трамп со нова закана кон Иран: На ред се мостовите и електраните

Рекордна цена на дизелот во Германија

Иран тврди дека соборил американски Ф-35