Утрински Весник
Македонија

42-годишник од Велес заразен со Конго-кримска хеморагична треска

42-годишник од Велес заразен со Конго-кримска хеморагична треска

Во доцните вечерни часови на 12 август, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на конго кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, извести Институтот за јавно здравје.

dobivaj vesti na viber

Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ.

Како што информира Институтот за јавно здравје, заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден.

Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес.

Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.

Во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во стабилна општа состојба, соопштува Институтот за јавно здравје.

Контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен.

Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира.

Ова е трет регистриран случај во државата.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта