Утрински Весник
Македонија

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

Germanija policija1 860x675 1.jpg

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“.

Повредите на Македонката, како што стои во написите биле толку тешки што искрварила до смрт.

Постариот 16-годишне син на жртвата ја алармирал полицијата.

Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.
Полицајците кои пристигнале на местото на настанот ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката но таа починала.

Во исто време, полицијата започнала голема потера а сомнежот паднал врз сопругот на жртвата, нејзиниот 47-маж исто така од Македонија. Набргу потоа, осомничениот итно ја повикал полицијата и кажал дека побегнал во соседниот град Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија.

Подоцна без отпор дозволил да биде уапсен.

Се уште не е јасен мотивот за страшното злосторство, велат од германската полиција.

Детективите бараат индиции за злосторството. Според информациите на „Билд“, мајката наводно била убиена со неколку убоди. Децата се згрижени и се со други членови на семејството.

Можете да прочитате

Левица: Пелагонија пет месеци без испитен центар за Тошковски да го намести милионскиот бизнис на сопартиец

СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик