Утрински Весник
Македонија

40 степени измерени во Скопје во 14 часот (ФОТО)

Toploten bran preporaki07.07.2015 625x417 1.jpg

Високи 40 степени целзиусови се измерени денес во 14 часот попладнево во главниот град, што создава дополнителни здравствени проблеми за граѓаните кои мораат на ова пеколно време да излезат надвор и да ги завршат своите секојдневни обврски.


Апелираме до граѓаните да носат тенка и лесна облека, заштита на главата и очите, задолжително да носат шише со вода и доколку почувствуваат некакви здравствени проблеми или потешкотии веднаш да побараат помош.

Од УХМР велат до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а в среда, претежно во северните делови од земјава, ќе има локален дожд.

Според прогнозата на Управата за хидтрометеоролошки работи, максималната температура во четврток и петок ќе достигне 32 односно 33 степени.

За денес попладне и во вечерните часови УХМР најавува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец, соопшти УХМР.

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија доби „Македонска интервентна пожарна” од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите

Хеликоптер на МВР се вклули во гаснењето на пожарот кај Блаце

Министерството за здравство бара од медиумите да не пишуваат и да не земаат изјави од повредените од Кочани кои се рехабилитираат