Утрински Весник
Македонија
Img 7972

40 години чекање за ништо, милиони евра фрлени за џабе – болницата во Кичево нема да се заврши, ќе се гради нова на друга локација

Mickoski 4.jpg
300x250 opst2

Болницата во Кичево се гради 40 години, но според денешните изјави јасно е дека никогаш нема да биде завршена.

Иако се завршени две фази, премиерот Христијан Мицкоски рече дека наместо неа од темел ќе се изгради друга болница и ќе биде на друга локација, бидејќи според него, темелите на сегашната зграда не се соодветни.


21 телевизија го запраша и министерот за здравство Арбен Таравари кој е оптимист дека постоечкиот објект може да биде завршен, но е убеден дека подобро е да се изгради нов на друга локација.

„Да, точно е, според анализите на компанијата, повеќе не чини реконструкција на постоечката болница отколку нова болница, на нова локација, која без проблем можеме да ја обезбедиме, на државно земјиште, мислам на болницата во Кичево“, вели Арбен Таравари.

Овој објект почна да се гради во 1985 година и од тогаш се инвестирани милиони евра, кои очигледно ќе бидат залудно фрлени.

Извор: ТВ21

Можете да прочитате

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови