Утрински Весник
Македонија

40.000 евра од општинскиот буџет на Битола за изградба на модуларна болница за Ковид-19

40.000 евра од општинскиот буџет на Битола за изградба на модуларна болница за Ковид-19

Општината да се вклучи во изградбата на модуларен ковид-центар во Битола, откако денеска се одржа вонредна седница на Советот на општина, на која едногласно се донесе одлука за донација на нови 40.000 евра, средства од општинскиот буџет.

Пред советниците се најде програмата за поставување на модуларен ковид-центар во дворот на Клиничката болница – Битола, како и одлуката за давање на донација на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ за изградба на центарот.

Од општина Битола информираат дека досега, на сите здравствени установи во градот, по разни основи за помош во ковид-кризата се донирани над 80.000 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка