Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

40-годишен маж од Прилеп извршил полов напад врз 13-годишно девојче од Градско

Oбвинение за 70-годишен маж, кој се обидел да силува 10-годишно девојче во Скопје
Img 7972

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 20.10.2020 година во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години.

Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома и незабележано тргнал по него. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака и ја затворил устата и почнал да ја влече. Потоа ја свртел кон себе и додека со едната рака и ја држел устата затворена, со другата рака ја допирал по телото. Потоа и ја ослободил устата, обидувајќи се да ја бакне, но оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош. Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом.

Јавниот обвинител оцени дека се уште постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, па до судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​​

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции