Утрински Весник
Македонија

36 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

36 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.04.2022) во периодот од 06.00 до 11.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 36 возачи.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата санкционирани се и 114 останати прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

МВР апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

Можете да прочитате

Левица: Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви

МВР: Податоците за преминување на границата на Ристов се достапни само по законска постапка

На граничните премини запленети девизи, злато, цигари…