Утрински Весник
Македонија

34-годишен тетовец и неговата сопруга го претепале соседот

Грабеж имало – но не во Скопјанка туку во Бутел

Вчера, во 15.55 часот, во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К. М., кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З. Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улицата Питу Гули во Тетово физички го нападнал.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, во нападот, во кој учествувала и неговата сопруга, К. М. употребил и остар предмет и го повредил.

Тој, како што соопшти полицијата, е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за вештачење.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин