Утрински Весник
Македонија

32 санкционирани возачи во Скопје, 166 за брзо возење

За четири часа 51 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 332 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 166 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ