Утрински Весник
Македонија

31 милион денари штета – кривична пријава против фирма и сопственикот за даночно затајување

Pari.webp.webp

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.С. (40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“. Исто така, кривична пријава е поднесена и против самото правно лице за сторено кривично дело даночно затајување.

Според информациите од СВР Скопје, М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност со тоа што во даночните пријави за контролираниот период, преку правното лице, пресметал и пријавил помал даночен долг. Ова било направено преку неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и продажба на залихи на материјали.

Со овие дејствија, пријавените се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, со што го оштетиле државниот буџет.

СВР Скопје нагласува дека кривичната пријава е дел од континуираните активности на институцијата за откривање и гонење на даночни и финансиски злоупотреби, со цел заштита на државниот буџет и правната сигурност во стопанството.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?