Утрински Весник
Македонија

31. Конгрес на СДСМ: Отчет за изборниот пораз, но и статутарни измени

Sdsm.jpeg

По триесетипрви пат денеска најголемата опозициска партија СДСМ ќе го одржи својот Конгрес.

Највисокиот орган на партијата ќе заседава во исклучително турбулентен период за социјалдемократите, три месеци откако го забележаа убедливо најслабиот резултат на локалните избори освојувајќи околу 150.000 гласови.

Токму Ивештајот за локалните избори ќе биде една од точките на денешниот дневен ред на Конгресот, тема на која се очекува широка дебата.

Ќе се влегува и во измени на Статутот?

Според информациите до кои дојде 24инфо.мк на денешниот Конгрес ќе се расправа и за измени на Статутот на партијата.

Поточно, претседателот на партијата Венко Филипче ќе побара зголемување на бројот на членови на Централниот одбор кој сега брои 128 лица, како и зголемување на членовите на Извршниот одбор каде сега се 13 лица.

На дневен ред ќе се најде и оставката на заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска која си замина по изборниот пораз во октомври.

Истовремено, пред делегатите ќе биде претставена и Платформата за идни активности на партијата.

Засега, не е познато дали на Конгресот ќе се разгледува и исклучувањето на Јован Деспотовски кој од страна на централата е означен како „квинслинг“ и „петтоколонаш“.

Што по Конгресот?

Едно од клучните прашања што се врти низ јавноста (особено социјалдемократската) е дали во салата во Александар Палас ќе има доволен број на делегати за да биде исполнет кворумот.

Од раководството на партијата, уверуваат дека кворум ќе има и дека Конгресот полноважно ќе може да носи одлуки.

Дека кворум ќе има, убеден е и генсекот на партијата Алекандар Димитријевиќ кој на телевизиско интервју изрази уверување дека се е подготвено за денешниот Конгрес.

Една од работите која се очекува по завршување на Конгресот е Филипче да ја зајакне својата челна позиција (особено со проширувањето на ЦО и ИО со „нови“ членови).

Но, сепак, и натаму ќе биде незивесно дали по Конгресот партијата ќе успее да се конслидира и наместо самата со себе да почне да се фокусира на создавање програма и платформа со која ќе ја бара назад довербата од граѓаните.

Сепак, постои и понеповолно сценарио, односно тензиите и поделбите внатре во партијата дополнително да се продлабочат.

Што од сето ова ќе се случи ќе знаеме по завршување на Конгресот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

СДСМ: Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

Моќен циклон од Џенова следната седмица носи опасност од поплави на Балканот и во Македонија