Утрински Весник
Македонија

303 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

291 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 303 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.

dobivaj vesti na viber

Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги