Утрински Весник
Македонија

302 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

302 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

Вчера биле казнети 302 возачи во зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, 12 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 133 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот