Утрински Весник
Македонија

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски
Dik 300x250 mk

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Оваа одлука, на иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан од голем број граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашата држава по пауза од 21 година.

Можете да прочитате

Ѓорѓи Крстевски е новиот градоначалник на Росоман

ЈО: Мирен изборен ден, фотографирано едно ливче

ВМРО-ДПМНЕ чекор поблиску до триумф – расте предноста во главниот град