Утрински Весник
Македонија

300 парчиња пиротехника пронајдени кај двајца тетовци

300 парчиња пиротехника пронајдени кај двајца тетовци

Тетовската полиција денеска во попладневите часови уапсила двајца жители на овој град, Р.Ш.(46) и Б.А.(20), затоа што биле затекнати како продаваат пиротехнички средства.

Како што информираат од МВР, кај нив биле пронајдени и одземени околу 300 парчиња разновиден пиротехнички материјал.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

Променливо облачно со сончеви периоди