Утрински Весник
Македонија

30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицоски, однесен е во „Шутка“

Angel Saramakov1.jpg

30-дена притвор му е одреден на Ангел Сарамаков, членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски кој вчера беше приведен за кривичното дело „оддавање службена тајна“. Казните за ова дело се од една до 20 години.

Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.


Тој беше дел од обезбедувањето на Мицкоски по промената на власта. Првичните информации се дека тајните полициски информации се продавани на припадници на криминалниот клан Грчец.

Од владата посочија дека истрагата треба да утврди што се случило и дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

Од СДСМ прашуваат како овиде доверливи информации стигнале до Сарамаков ког тој воопшто не треба да има допир со овие податоци.

Можете да прочитате

Муцунски на „Европски дијалози”: Проширувањето на Европската Унија е стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа

На 30 и 31 октомври ќе се одржи 41. идание на „Макфест“

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема