Утрински Весник
Македонија

290 казни за брзо возење

290 казни за брзо возење

290 казни се изречени од страна на МВР во текот на вчерашниот ден по спроведената зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

Четири лица приведени за семејно насилство

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“