Утрински Весник
Македонија

29 поранешни пратеници ќе „лапаат“ апанажа

Sobranie.jpg

На 29 пратеници од минатиот состав денеска Комисија за прашања на изборите и именувањата во Собранието им го прифати барањето за апанажа, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски.

Меѓу нив се и имињата на сега веќе поранешните пратеници Жаклина Лазаревска, Игор Јанушев, Боби Мојсоски, Дарко Каевски, Санела Шкријељ, Кастриот Реџепи, Диме Велковски, Артина Ќазими, Маја Морачанин…

Истовремено, претседателот на Комисијата Сајковски информира дека потпишал барање за престанок на апанажа на Оливер Спасовски и Весна Бендевска поради тоа што станале пратеници.

Согласно законите, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав.

Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

Можете да прочитате

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!