Утрински Весник
Свет

28 лица спасени по потонувањето на туристичко бротче во Црвеното Море

Brod.jpg

Дваесет и осум лица беа спасени откако туристичкото бротче „Ла Вила“ потона во Црвеното Море, во близина на пристаништето Хамата, јужно од Марса Алам, објави „Ал Ахрам“. На бродчето имало 20 туристи од различни земји и осумчлен египетски екипаж. Пловилото удрило во морското дно и се заглавило, по што веднаш започнала евакуација. Сите беа безбедно пренесени на брегот, без повредени или загинати.

Надлежните отворија истрага за причините за инцидентот. Овој настан е дел од низа слични несреќи во регионот лани во ноември туристичко бротче кај Марса Алам потона, сите 30 лица беа спасени, додека претходната година во несреќата со бродот „Си Стори“ загинаа 11 лица, а во март 2025 шест лица загинаа при потонување на туристичка подморница кај Хургада.

Можете да прочитате

Санчез до Трамп: Престанете да играте руски рулет

Франција прати борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Емиратите

Објавени имињата и фотографии од американските војници убиени во иранските напади