Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 279 возачи, извести МВР.
– Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место, соопшти Министерството и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.