Утрински Весник
Македонија

265 сообраќајни прекршоци во Скопје – 59 за недавање првенство на минување на пешаци

265 сообраќајни прекршоци во Скопје – 59 за недавање првенство на минување на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 59 за недавање првенство на минување на пешаци, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за непрописно престројување на возила, 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот