Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

26 милиони прегледи: танцот на Доналд Трамп е хит на Тикток

Tramp Tancuva.jpg
Img 7972

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од својата изборна кампања, гостуваше во подкастот на популарниот стример Адин Рос на платформата Кик.

Во еден момент, интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледаното интервју на стримерот, а Трамп на Тикток се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.

@realdonaldtrump @adin ♬ original sound – President Donald J Trump

Видеото од неговиот танц го погледнале повеќе од 26 милиони луѓе и собра 4,3 милиони лајкови, а многумина ги коментираа потези на Трамп. „Танцувањето е нешто посебно“, „Сигурно го болат рацете“ и „Ова е лудо“, се дел од коментарите.

Инаку, Трамп танцуваше на песната YMCA од Village People, која често ја пушта на предизборните собири каде знае и да танцува користејќи ги истите потези како во видеото.

Можете да прочитате

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Ина реагираше на поддршката од група лекари за неврологот Кузмановски: „Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците