Утрински Весник
Свет

26 лица загинаа во поплавите во Суматра

77956.jpg

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во областа Песисир Селатан во провинцијата Западна Суматра, принудувајќи 75.000 луѓе да побараат привремено засолниште.

Шефот на локалната спасувачка служба во областа Песисир Селатан, Фајар Сукма изјави дека во тој округ загинале 23 лица, додека уште шест се водат како исчезнати, пренесува МИНА.

Уште три лица загинаа во невремето во областа Паданг Паријаман.
– Бројот на жртви може да се зголеми уште повеќе – предупреди Сукма.

Додека дождот се уште врне, метеоролошките услови и прекинот на електричната енергија ја отежнуваат работата на спасувачките служби.

Во неделата тие успеаја да стигнат до најтешко погодените области и да им дистрибуираат помош на евакуираните, особено шатори, лекови и храна.

Во невремето оштетени се стотици куќи, но и мостови, џамии и јавни објекти.

Можете да прочитате

Бела куќа: Хезболах го изврши нападот на Голанската висорамнина

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах