Утрински Весник
Свет

2,6 милиони Палестинци се регистрираа за учество на првите избори по 15 години

2,6 милиони Палестинци се регистрираа за учество на првите избори по 15 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Централниот изборен комитет соопшти дека 2,6 милиони Палестинци се пријавиле да учествуваат на првите претседателски и парламентарни избори во последните 15 години, пренесува „Мидл ист монитор“.

Комитетот на својата веб-страница соопшти дека ова претставува 93,3 отсто од Палестинците со право на глас на изборите.

„Оваа бројка ја одразува желбата на Палестинците да учествуваат на изборите“, велат од комитетот, истакнувајќи дека регистрацијата е извршена без проблеми.

Сепак, Палестинците од градот Хеброн на Западниот Брег вчера објавија дека биле шокирани кога откриле дека центрите за гласање се оддалечени од нивните населби. Изборниот комитет соопшти дека ќе ги испита причините за оваа промена.

Во меѓувреме, портпаролот на Хамас, Хазем Касем, ги обвини безбедносните служби на Палестинската самоуправа за овие измени и рече дека мешањето во изборите е кршење на договорот од Каиро.

Во мај, јули и август, Палестинците последователно ќе ги избираат своите пратеници, претседател и членови на Палестинскиот национален совет.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана